![sredstvo za plocesti materijali](assets/img/hraniclean.jpg)
Hraniclean 08
За сјај на плочестиот материјал
Безбедно ги чисти сите видови нај чувствителни површини - високо сјајна, мат, како и хром. Лесно отстранува отпечатоци од прсти, нечистотии па дури и траги од моливи и маркери. Им дава сјај на стаклата и огледала, како и на рамките од прозорците. Нема траги на темните површини по употреба. Уникатна способност да отстрани хартиени налепници од различни видови површина. Изненадувачки ефикасен, нежен со пријатен цитрусен мирис. Повеќекратна помош за секоја работилница, како и за Вашето домаќинство. Ви препорачуваме употреба на микрофибер крпа за подобар резултат.
Средство за нега на гранитни садопери - Franke
Упатства за употреба на средство за гранитни садопери: Испрскајте го садоперот, почекајте неколку минути и избришете го со влажна крпа.
Ги отстранува бигорот и нечистотијата и обезбедува заштита на производот. Редовна употреба го гарантира посакуваниот ефект, обезбедува висока трајност.
![sredstvo za granit](assets/img/sredstvo-za-granitni-sadoperi.jpg)
![sredstvo za granit](assets/img/tekaclean.jpg)
Средство за нега на гранитни садопери - Teka
Teka Clean е еколошки детергент кој Ви овозможува најдлабинско чистење на гранитни садопери. Негова специјална намена е исклучиво за одржување на гранитните површини. Teka Clean ја чисти и одржува површина на гранитот, тој ги отстранува сите нечистотии и масти. Содржи чистач на маснотии и еколошка киселина без киселост. Тој е 94,5% биоразградлив и неутрален.
Средство за нега на иноксни садопери - Franke
Упатство за употреба на средство за иноксни садопери: Нанесете мала количина од средството на влажна крпа од микрофибер и со кружни движења поминете го садоперот, почекајте неколку минути и со сува крпа избришете ја површината.
Ги отстранува бигорот и нечистотијата и обезбедува заштита на производот. Редовна употреба го гарантира посакуваниот ефект, обезбедува висока трајност.
![sredstvo za inoks](assets/img/sredstvo-za-cistenje-sadoperi-inoks-franke.jpg)
Средство за нега на батерии - Franke
Средство за секојдневна нега на кујнски батерии,со што се отстрануваат наслагите од бигор, калциум и целата нечистотија. Се препорачува за сите типови батерии (хром, мат бои...).
Упатства за употреба: Испрскајте ја батеријата, почекајте неколку минути и избришете ја со влажна крпа.
![sredstvo za baterii](assets/img/sredstvo-za-cistenje-baterii-i-cesmi-franke.jpg)
![sredstvo za aspiratori](assets/img/sredstvo-za-cistenje-aspiratori.jpg)
Средство за нега на аспиратори - Franke
Благодарение на професионалната формула на Franke средството за чистење ефикасно ги елиминира масните наслаги и миризбите во кујната, обезбедува совршена чистота во и надвор од уредот.
Упатства за употреба: Испрскајте ги страните на аспираторот, заобиколете ја решетката за вентилација, почекајте неколку минути и избришете ја површината со влажна микрофибер крпа.
Мелници за отпадоци од храна
Мелницата за отпадоци ја ослободува секоја кујна од миризливи и нехигиенски отпадоци од храна кои стојат во кантата за отпадоци во аголот на собата. Со својот дизајн мелниците се лесно приспособливи во секоја кујна, под секој садопер. Она што е најважно е нивната лесна монтажа и употреба. Со употребувањето на оваа мелница значително придонесувате за целовкупната хигиена во домот, но и за заштита на животната средина.
![korpi za otpadoci](assets/img/korpi-za-otpadoci.jpg)
Корпи за отпадоци
Истражувањата покажале дека елементот со корпа за отпадоци го отвораме најмалку 35 пати во денот. Корпите за отпадоци во понудата на Новомак спречуваат развивање на бактерии и ширење на мириси, погодни се за рециклирање, а притоа се и квалитетни и модерни. Токму затоа Ви нудиме голем избор на корпи за отпадоци, со цел да ја изберете најсоодветната за Вашите потреби.
Често поставувани прашања
Чистата кујна е прекрасна кујна. Затоа во понудата на Новомак можете да најдете средства за нега и чистење на мебелот, садоперите, батериите и аспираторите кои Ви гарантираме дека нема да направат оштетување на материјалот и не штетат по Вашето здравје.
-
Како најдобро да го чистите и одржувате плочестиот материјал ?
Плочестите материјали (како оплеменета иверка, медијапан, шперплочи, работни плочи...) не се препорачува да се чистат со средства кои се абразивни. Наша препорака е плочестиот материјал да се чисти и негува со продукт кој е токму за таа намена, Hraniclean 08. Тој лесно ги отстранува отпечатоците од прсти, нечистотии и траги од маркери. Доколку од некое абразивно средство за чистење дојде до "разјадување" на материјалот, може да се корегира плочестиот материјал со восок за корекции кои се достапни по нарачка во Новомак.
-
Како правилно да се негуваат, одржуваат и чистат гранитните садопери?
Со редовно и правилно негување и одржување на гранитните садопери овозможувате тој да биде долготраен и да спречите формирање на нечистотии и бигор. Нивното чистење е лесно и брзо благодарејќи на специјалните средствата за чистење на гранит. Се препорачува користење на мека крпа.
-
Како да спречите формирање на бигор и флеки на садоперот?
Бигорот е чест проблем со кој се соочува секоја кујна, садопер и батерија. Без разлика на материјалот (инокс/гранит) редовното чистење на садоперот и батеријата со соодветно средство за нивна нега помага во спречувањето на формирање на бигор и останати дамки.
Совет плус: после секоја употреба и секое чистење тие да се пребришат со чиста и сува крпа. -
Како да ја чистите кујнската батерија?
Кујнските батерии потребно е редовно да се чистат бидејќи се често во контакт со вода при што брзо и лесно може да се формира бигор на нивната површина. На аераторот исто така се формира бигор што може да доведе до неправилен проток на водата. Средството за чистење на батерии лесно го отстранува бигорот, дамките, спречува нивно формирање и не ја оштетува бојата на батеријата во споредба со останатите средства достапни на пазарот кои се абразивни.
Совет плус: за полесно чистење на аераторот можете да употребите четка за заби. -
Како да го чистите аспираторот?
Аспираторите имаат тенденција да се наталожат мрсни и лепливи наслаги од пареата која ја апсорбираат. Потребено е ефективно средство за чистење за да се отстранат нечистотиите и мирисите. Бидете внимателни да не користите средства кои се агресивни и абразивни како не би ја оштетиле нивната површина, туку користете професионално средство за чистење и нега на кујнските аспиратори од Franke.
Контакт
Доколку имате било какви прашања слободно контактирајте не, тимот на Новомак ќе Ви помогне.
Локација:
Киро Глигоров 3,
Скопје, Република Северна Македонија
Email:
prodazba@novomak.mk
Телефон:
+389 2 2461-664